петок, 19 декември 2025

Нетанјаху: Убиството на новинарите е трагична несреќа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја осуди „трагичната несреќа“ по смртта на петте новинари, од кои неколку работеа за меѓународни медиуми, во израелските напади врз болница во јужниот дел на Појасот Газа во понеделникот, во кои загинаа вкупно 20 лица.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Израел длабоко жали за трагичната несреќа што се случи во болницата Насер“ во Кан Јунис, рече Нетанјаху во изјава на англиски јазик, уверувајќи дека „Израел придава важност на работата на новинарите, како и на медицинскиот персонал и сите цивили“.

„Воените власти спроведуваат темелна истрага. Нашата војна е против терористите на Хамас. Нашите легитимни цели се да го победиме Хамас и да ги вратиме нашите заложници дома“, додаде израелскиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ