„Тоа не би водело кон ескалација на конфликтот, тоа би довело до крај на конфликтот“, кажа Нетанјаху одговарајќи на новинарското прашање за противењето на американскиот претседател Доналд Трамп на израелскиот план чија цел е елиминација на иранскиот врховен лидер.
На прашањето дали Израел го таргетира Хамнеи, израелскиот премиер кажа дека неговата земја „прави што има да прави“.
Иранско-израелскиот конфликт почна со напад на Израел на иранските нуклеарни објекти и нема знаци за смирување.