среда, 9 јули 2025

Нетанјаху: Постигнавме историска победа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја „постигнала историска победа“ во операцијата „Исправен лав“. Тој истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп „се придружил на досега невиден начин“ и му се заблагодари за „неговата улога во одбраната на Израел и елиминирањето на иранската нуклеарна закана“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој нагласи дека американскиот напад на Иран е „плод на дипломатска кампања што ја водеше со министерот Рон Дермер“. „Израел никогаш немал пријател како претседателот Трамп во Белата куќа и му се заблагодарувам од дното на моето срце за нашата заедничка работа“, рече Нетанјаху, неколку часа откако Трамп остро го критикуваше Израел за кршење на прекинот на огнот со Иран.

Нетанјаху тврди дека американските сили го уништиле подземниот објект за збогатување ураниум Фордо. „Ако некој, некој во Иран се обиде да ја обнови нуклеарната програма, ние ќе дејствуваме со истата решителност, истата сила, за да го спречиме секој таков обид“, повтори тој.

„Повторувам – Иран нема да има нуклеарно оружје“, продолжи тој. Нетанјаху се пофали дека Израел ја уништил иранската програма за производство балистички ракети и повеќето од неговите лансери.

„Израел му нанесе тежок удар на злиот режим“, повтори тој. Тој се осврна и на ситуацијата во Газа, велејќи: „Мораме да го победиме Хамас и да ги вратиме заложниците“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ