Нетанјаху „отпатува во четиридневна посета на Унгарија, придружуван од својата сопруга Сара“, објави израелскиот дневен весник „Једиот Ахронот“.
Хјуман рајтс воч (ХРВ) ја повика Унгарија да го уапси Нетанјаху доколку стапне на нејзина територија.
„Унгарија треба да го одбие влезот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху или да го уапси доколку влезе во земјата“, соопшти во вторникот организацијата за човекови права со седиште во Њујорк.
Кабинетот на Нетанјаху претходно ја најави неговата посета на Унгарија оваа недела, на покана на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење за Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Организацијата за човекови права Амнести интернешнал исто така ја повика Унгарија да го уапси Нетанјаху доколку влезе во земјата и да го предаде на МКС.
Израел се соочува со обвиненија за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради воените акции во Газа, каде што повеќе од 50.000 луѓе беа убиени од нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година.