сабота, 6 декември 2025

Нетанјаху: Од Сирија бараме демилитаризирана тампон зона од Дамаск до планината Хермон

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека е можен договор со Сирија и дека очекува сириските власти да воспостават демилитаризирана тампон зона од Дамаск до планината Хермон и други области. Американскиот претседател Доналд Трамп, чија администрација се обидува да посредува во договор за ненапаѓање меѓу двете земји, само еден ден претходно изјави дека е многу важно Израел да одржува „силен и искрен дијалог“ со Дамаск.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сирија формално не го признава Израел, кој ја окупираше Голанската висорамнина во војната во 1967 година, а подоцна ја анектираше, што беше признато од САД но не и од повеќето други земји. „Очекуваме Сирија, се разбира, да воспостави демилитаризирана тампон зона од Дамаск до тампон зоната, вклучувајќи ги и приодите кон планината Хермон и самата планина Хермон“, рече Нетанјаху додека ги посетуваше ранетите војници во централен Израел.

„Ги држиме овие области за да ја гарантираме безбедноста на израелските граѓани и тоа нè обврзува“, додаде израелскиот премиер. „Со добра волја и разбирање на овие принципи, можно е да се постигне договор со Сиријците, но во секој случај ќе се држиме до нашите принципи“, истакна Нетанјаху.

Трамп го поддржа новиот сириски лидер Ахмед ал Шара, поранешен џихадист, но Израел изрази загриженост за минатите врски на Шара со исламистичките милитанти, дури и кога тој се приклучи на напорите за посредување во договор.

Во израелски напад на југот на Сирија пред четири дена беа убиени 13 Сиријци, објавија сириските државни медиуми. Израелската војска соопшти дека таму нападнала либанска исламистичка милитантна група. Денес, Нетанјаху ги посети војниците ранети во конфликтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ