недела, 21 декември 2025

Нетанјаху: Нашите победи го вџашија светот

Израел за двете години војна против Хамас во Појасот Газа постигна „големи победи“, но „борбата не е готова“, изјави вечерва израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Заедно постигнавме големи победи, победи кои го вџашија целиот свет. И сакам да ви кажам: секаде каде што се боревме, победувавме, но исто така морам да ви кажам дека борбата не е завршена“, порача Нетанјаху во обраќањето до нацијата пред очекуваното враќање на заложниците кои ги држи Хамас во Појасот Газа.

„Пред нас сè уште има многу големи безбедносни предизвици. Некои од нашите непријатели се обидуваат да се прегрупираат за повторно да нè нападнат“, истакна Нетанјаху и додаде: „Водиме сметка за тоа“.

Враќањето на заложниците, кое се очекува во понеделник, ќе биде „историски настан“ полн со „тага“ и „радост“, кажа тој.

Нетанјаху изрази и надеж дека во Израел и покрај „бројните несогласувања“ ќе завладее „единството на срцето“.

Хамас има рок утре до 11 часот наутро да ги ослободи преостанатите 48 заложници, живи или мртви, кои ги киднапираше за време на инвазијата на Израел на 7 октомври 2023 година, по што Израел ја нападна Газа.

За возврат Израел ќе ослободи 250 палестински затвореници, меѓу кои многумина осудени за смртоносни антиизраелски напади, и 1.700 Палестинци уапсени во Појасот Газа од октомври 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ