За време на посетата на југот на земјата, јужно од Тел Авив, Нетанјаху изјави дека Израел има две цели во Иран: „Отстранување на нуклеарната закана и отстранување на ракетната закана“, кажа тој.
Во текот на ноќта Израел изврши напади на повеќе локации во Иран.
Нетанјаху им порача на жителите на Техеран „да заминат од градот“, повторувајќи ја тактиката која Израел ја користи во Газа, приморување на голем број цивили на евакуација пред напади на цивилни области.
И израелскиот претседател Исак Херцог денес ѝ се обрати на јавноста.
Тој го посети местото на ракетниот напад во градот Петах Тиква во централен Израел, каде во напад загинаа четири лица.
Херцог оцени дека дошло време за промена на режимот во Иран.
„Мислам дека на иранскиот народ му е доста и дека сака промена. А исто така и целиот регион – заслужуваме промена“, кажа Херцог.