недела, 14 декември 2025

Нетанјаху го обвини Макрон за „поттикнување антисемитизам“ поради објавата за признавање на Палестина

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му испрати писмо на францускиот претседател Емануел Макрон, остро критикувајќи го за објавувањето дека Франција ќе ја признае државата Палестина на Генералното собрание на Обединетите нации во септември.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Вашиот повик за создавање палестинска држава додава масло на овој антисемитски оган“, рече Нетанјаху, според Политико. Тој предупреди дека во Франција во последните месеци се регистрирани низа „антисемитски инциденти“, што ги поврзува со политиката на Париз кон Израел.

Според него, одлуката на француската влада го охрабрува палестинското движење Хамас да продолжи со своите терористички активности и одбивањето да ослободи заложници, како и оние што ја загрозуваат еврејската заедница во Франција. „Таквата политика ја поттикнува омразата кон Евреите што денес владее на улиците на Франција“, рече израелскиот премиер.

Од друга страна, администрацијата на Макрон ги оцени овие изјави како „погрешни и одвратни“, со порака дека тие „нема да останат неодговорени“.

На 24 јули, францускиот претседател објави на социјалната мрежа Икс дека неговата земја официјално ќе ја признае палестинската држава во ОН.

Ирска, Шпанија и Норвешка веќе го презедоа истиот чекор во 2024 година, што предизвика дипломатска криза со Израел, кој како одговор ги повлече своите амбасадори од Даблин, Мадрид и Осло на консултации. Советскиот Сојуз ја призна Државата Палестина уште во 1988 година, а правен наследник на тој чин е денешна Руска Федерација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ