Според Би-би-си, Нетанјаху рекол дека целта на Израел е да го ослободи иранскиот народ од „тиранијата“ на сегашниот режим, но додал дека „на крајот – тоа зависи од нив“.
„Нема сомнеж дека со досегашните акции им ги кршиме коските и дека и понатаму сме активни“, изјави тој, според објава на кабинетот на израелскиот премиер на социјалната мрежа Икс.
Тој нагласи дека Израел е подготвен да продолжи со нападите „со сета сила“ и дека има план за рушење на режимот во Техеран, додавајќи дека во наредната фаза може да следуваат и нови, неочекувани потези.






