четврток, 25 декември 2025

Нетанјаху денеска на суд под обвинение за корупција

Во 2019 година Нетанјаху беше обвинет во три случаи, кои вклучуваат давање подароци на пријатели милионери, и барање услуги од медиумски тајкуни во замена за одобрување фреквенции со поволна покриеност.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска треба да сведочи пред судот – за првпат во долготрајното судење за обвиненија за корупција, објави денеска Ројтерс.

Обвинет за поткуп, измама и нарушување на довербата, Нетанјаху ќе сведочи три пати неделно, според судскиот налог, и покрај војната во Газа и можните нови закани од превирањата на Блискиот Исток, вклучително и во соседна Сирија.

Во 2019 година Нетанјаху беше обвинет во три случаи, кои вклучуваат давање подароци на пријатели милионери и барање услуги од медиумски тајкуни во замена за одобрување фреквенции со поволна покриеност.

Тој негираше дека згрешил нешто, а пред почетокот на судењето, Нетанјаху на вчерашната прес-конференција рече дека чекал осум години за да ја раскаже својата приказна за судскиот процес против него, негодувајќи поради начинот на кој се постапувало со сведоците на истрагата.

Во својата претходна изјава, по судската одлука минатиот четврток дека ќе мора да сведочи пред судот, Нетанјаху рече дека „вистинската закана за демократијата во Израел не се избраните претставници (на владата), туку некои од (претставниците на) органите за спроведување на законот, кои одбиваат да го прифатат изборот на гласачите и се обидуваат да извршат државен удар со фанатични политички истраги, кои се неприфатливи во која било демократија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ