среда, 9 јули 2025

Нетанјаху бара разговор со Путин

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху планира да одржи серија телефонски разговори со светските лидери околу ескалацијата на конфликтот со Иран, соопшти неговиот кабинет.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нетанјаху веќе разговарал со германскиот канцелар Фридрих Мерц, индискиот премиер Нарендра Моди и францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти Тел Авив.

„Тој планира во блиска иднина да разговара за ситуацијата со претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и британскиот премиер Кир Стармер“, се наведува во соопштението.

Москва веќе се огласи во врска со израелскиот напад на Иран. Руското министерство за надворешни работи ја осуди операцијата „Подемот на лавот“ како „опасна ескалација на тензиите на Блискиот Исток“.

„Најостро ја осудуваме воената акција на државата Израел, која ја крши Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право, спроведена ноќта на 13 јуни“, се наведува во соопштението на Москва.

Мета на Израел беа иранското воено раководство како и ирански нуклеарни научници. Иранските медиуми досега ја потврдија смртта на командантот на иранската Револуционерна гарда Хосеин Салами, на генерал мајорот Мохамед Багери, началникот на штабот на оружените сили, заменикот на врховниот командант на оружените сили, генералот Голам Али Рашид, како и на поранешниот шеф на националната безбедност на Иран, Али Шамхани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ