Новото планирано вложување се надоврзува на најавата на компанијата од мај минатата година дека до 2026 година ќе вложи милијарда реали во тој сегмент на производството во најголемата јужноамериканска економија. Бразил е вториот најголем потрошувач на кафе во светот, а вкупната инвестиција на Нестле од 1,5 милијарди реали ќе ја зајакне стратегиската улога на јужноамериканската земја во глобалниот раст на компанијата, беше кажано вчера на конференција за медиумите.
Новите инвестиции се насочени на проширување на фабриката во Монтес Кларос во југоисточната сојузна држава Минас Жераиси мрежата на апарати за Кафе Нестле профешнал.
„Во последните пет години сегментот на кафе во капсули на Нестле порасна за околу 20 отсто, а истата стапка на раст е предвидена и во иднина“, кажа Валерија Пардал, шефицата на марката Кафе Нестле. Марката Нескафе е смислена токму во Бразил, најголемиот светски произведувач и извозник на кафе и во почетната фаза опфаќаше само инстант кафе.
Асортиманот во меѓувреме е проширен, а компанијата сега сака да ја привлече младата популација и потрошувачите спремни подлабоко да брцнат во џебот.
Целта на компанијата е да ја консолидира таа марка и да ја искористи за поддршка на производи со поголема додадена вредност имајќи го предвид силниот раст на побарувачката во Бразил за производи како ледено кафе и кафе со карамела, кажаа од Нестле во мај минатата година при тогашната најава на инвестицијата.