Очевидци изјавија дека експлозии одекнувале во текот на целата ноќ во областите Зејтун и Шаџаја, додека тенкови гранатирале куќи и патишта во блиската населба Сабр, неколку згради биле разнесени во северниот град Џабалија, пренесува Ројтерс.
Израелската војска денеска објави дека нејзините сили ги продолжиле операциите во Џабалија во последните денови со цел да ги откријат тунелите што ги користат екстремистите на Хамас, како и да ја зајакнат контролата над областа. Се додава дека операциите во Џабалија ги спречуваат терористите на Хамас да се вратат во областа.
The IDF continues its bombardment of the Gaza Strip. #Gaza #IsraelPalestine pic.twitter.com/DVMMHsa5R1
— the Pulse (@thePulseGlobal) August 24, 2025
На почетокот на овој месец, Израел усвои план да ја преземе контролата врз градот Газа, кој го опиша како последно упориште на Хамас. Таа операција треба да започне за неколку недели, што им остава простор на посредниците Египет и Катар да се обидат да ги доведат двете завојувани страни на преговори за примирје, потсетува Ројтерс.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска вети дека ќе спроведе офанзива, чие започнување предизвика вознемиреност во странство, но и огорченост дома. Тој во петокот изјави дека градот Газа ќе биде срамнет со земја доколку Хамас не се согласи да ја заврши војната според условите на Израел и да ги ослободи сите заложници што сè уште ги држи.
Околу половина од два милиони жители на палестинската енклава живеат во градот Газа, неколку илјади веќе ја напуштиле. Сепак, некои жители велат дека нема да заминат, без оглед на ризикот, соопшти агенцијата.
👀 Jabalia, Gaza Strip pic.twitter.com/AnBpWujQgQ
— Conflict Radar (@Conflict_Radar) August 24, 2025
Министерството за здравство во Газа вчера соопшти дека уште осум лица починале од неухранетост и глад, со што вкупниот број на жртви се искачи на 281, вклучувајќи 114 деца.






