недела, 1 март 2026

Некои во Иран слават, други плачат (ВИДЕО+ФОТО)

Веста за убиството на врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи во американско-израелските напади предизвика поделени реакции низ Иран. Додека едни отворено слават на улиците, други јавно жалат за мртвиот водач.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Би-би-си Персијан ја потврдило автентичноста на снимките што синоќа се појавија од неколку градови, на кои се гледа славје на граѓани.

На улиците на Исфахан во централниот дел на Иран луѓето извикуваа и трубеа со автомобилските сирени. Друга снимка прикажува собрани луѓе околу оган со огномет што го осветлува ноќното небо. Според извештаите, се славело и во Караџ, град недалеку од Техеран, а на прославите на улиците и во своите домови им се придружиле и семејствата на демонстрантите убиени за време на режимот.

Од друга страна, утрово улиците во голем дел од Иран се исполнети со сцени на јавно жалење на провладини собири.

Илјадници луѓе се собраа во центарот на Техеран за да му оддадат почит на ајатолахот, кој владееше со Иран од 1989 година. Ужалените граѓани, облечени во црно и со фотографии од поранешниот водач, извикуваа „Смрт за Америка“ и „Смрт за Израел“.

Иранските државни медиуми известија дека во земјата се прогласени 40 дена јавна жалост и седум дена државни празници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ