Непотврдени извештаи тврдат дека Русија погодила цел во Лвовскиот регион со своето најново балистичко оружје.
Непроверени видеа објавени на социјалните мрежи прикажуваат наводен напад со руската хиперсонична ракета „орешник“ во западна Украина, вели РТ.
Снимка од надзорни камери, споделена од РИА новости во петокот, покажува светли проектили што паѓаат во украинскиот Лвовски регион, кој се граничи со Полска.
Градоначалникот на Лвов, Андреј Садовој, изјави дека била погодена „клучна инфраструктурна локација“.
Руските официјални лица го немаат потврдено нападот.
Руските телеграм-канали за вести сугерираа дека ракетата погодила подземен гасен објект во градот Стриј, околу 60 километри од Лвов.
Доколку се потврди, ова би било втор пат Москва да ја употреби својата најнова балистичка ракета со нуклеарен капацитет во Украина.
Во ноември 2024 година Русија истрела ракета „орешник“ кон фабрика за оружје во Дњепар, во, како што соопшти Москва, успешен „борбен тест”.






