недела, 15 февруари 2026

СпејсЕкс го лансираше Кру 12, следуваат осум месеци истражување (ВИДЕО)

Нов екипаж пристигна на Меѓународната вселенска станица (МВС) откако НАСА го врати претходниот екипаж дома поради здравствени проблеми. Четворицата астронаути од мисијата Кру 12 се закотвија на МВС со вселенскиот брод СпејЕкс Кру драгон, покажаа снимките во живо објавени од НАСА вчера. Тие беа лансирани во петокот од Кејп Канаверал, Флорида.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Кру 12 ги вклучува Џесика Меир, астронаутка на НАСА и нејзиниот колега Џек Хатавеј, рускиот космонаут Андреј Федјаев и француската астронаутка Софи Аденот од Европската вселенска агенција (ЕСА). Ова е прва мисија на МВС за Хатавеј и Аденот, додека Меир и Федјаев се на нивниот втор лет.

Тимот треба да помине речиси осум месеци истражувања на вселенската станица.

Кон средината на јануари, Кру 11, составен од американски и јапонски астронаути Зена Кардман, Мајкл Финке, Кимија Јуи и рускиот космонаут Олег Платонов, се вратија на Земјата пред предвиденото време поради здравствени проблеми. Тоа беше прв таков случај во историјата на станицата. НАСА не објави детали за проблемот ниту откри за кој член на екипажот станува збор.

Првично, беше планирано предавање на контролата меѓу двете екипи, што е стандардна практика на МВС. Наместо тоа, астронаутот на НАСА Кристофер Вилијамс и руските космонаути Сергеј Михаев и Сергеј Куд-Сверчков останаа на станицата последните недели за да продолжат со работата.

Меѓународните екипи континуирано живеат и спроведуваат истражувања на вселенската станица речиси 25 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ