Научниците од меѓународниот конзорциум зад телескопот Ивент хорајзон (збир од осум синхронизирани радиотелескопи низ светот) ја објавија првата фотографија од супермасивната црна дупка лоцирана во центарот на нашата галаксија – Млечниот Пат.
Фотографијата беше објавена на денешната прес-конференција.
Црната дупка на Млечниот Пат се нарекува Стрелец А* и се наоѓа во близина на границата меѓу соѕвездијата Стрелец и Скорпија. Таа е 4 милиони пати поголема од нашето сонце.
Истиот конзорциум е одговорен за создавањето на првата фотографија од црна дупка во историјата, која беше објавена во 2019 година.
Црните дупки е исклучително тешко да се снимат бидејќи се буквално невидливи поради фактот што нивната гравитација е толку голема што од нив не може да „избега“ ни светлината.






