четврток, 11 декември 2025

Научниците го објаснуваат значењето на новооткриените вселенски сигнали

Објавено на

часот

Сподели

Астрономите открија сигнали што се емитуваат од нешто за што веруваат дека би можело да биде првата месечина откриена надвор од Сончевиот систем. Наодите се експериментални, бидејќи небесното тело е премногу оддалечено за директно да се набљудува.

Деталите за откритието се објавени во научното списание Нејчр астрономи. Месечината, која се чини дека орбитира околу ѕвезда оддалечена околу 5.500 светлосни години од Земјата, го доби името Кеплер-1708 б-и. Ако може да му се верува на доказот, добиен од сега деактивираниот вселенски телескоп Кеплер, новооткриената месечина би можела да биде 2,6 пати поголема од Земјата и е направена од гас.

Научниците до денес го потврдија постоењето на околу 5.000 планети надвор од Сончевиот систем, познати како егзопланети. Сепак, досега се идентификувани само две егзомесечини, вклучувајќи ја и Кеплер-1708 б-и. Првата беше откриена во 2017 година; сепак, нејзиното постоење сè уште не е докажано.

Поради огромната оддалеченост помеѓу нашиот Сончев систем и тие месечини, поголем дел од времето едноставно не е можно тие да се видат директно. Астрономите имаат само индиректни докази во форма на многу слаби, регуларни падови во светлината што ја емитуваат егзопланетите, познати како транзитни светлински криви.

Истражувачите веруваат дека егзомесечините се сосема различни од месечините што ги набљудуваме во Сончевиот систем и во однос на процесите на формирање и нивните модели на орбитирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ