сабота, 13 декември 2025

Израел успешно тестирал ласерски противракетен систем (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Тој најави дека ласерскиот систем од израелско производство, кој ќе ја надополнува низата воздушни одбранбени системи како Железна купола разместени во Израел, ќе стане оперативен што е можно побрзо.

Целта е ласерски системи да се разместат долж границите на Израел во текот на следната деценија и ќе биде дел од „ефикасен, поевтин и иновативен заштитен чадор“, кажа Ганц.

Премиерот на Израел Нафтали Бенет најави во февруари дека Израел ќе почне да го користи тој систем во рок од една година и тоа беше порака упатена до најголемиот непријател на Израел, Иран.

Израел веќе разви или размести низа системи наменети за пресретнување ракети со долг или краток дострел, а ги опреми и тенковите со противракетен одбранбен систем.

Се очекува ласерскиот систем, за чија ефикасност не се знае многу, да биде разместен на земја, во воздух и на море.

Ганц го објави успешното тестирање на годишнината на 11-дневната војна меѓу Израел и исламски екстремистички Хамас, кој владее со појасот Газа, кој тогаш испука повеќе од 4.000 ракети кон израелската територија.

Израелските власти тогаш соопштија дека одбранбениот систем Железна купола пресретнал 90 отсто од ракетите, но наведоа дека е скап и дека новата ласерска одбрана многу повеќе се исплаќа.

Министерството за одбрана на Израел објави и кратка видеоснимка и кажа дека на неа се гледа успешно пресретнување на ракети, гранати и беспилотни летала.

[video:https://youtu.be/TeXVZwYXDrY autoplay:0]

На снимката се слуша и музика и се чини дека ласерскиот зрак доаѓа од станица на земјата и ги погодува метите и ги разбива на мали делови.

Успешноста на тестот е објавена во време кога се во застој преговорите на Иран со светските сили за обновување на нуклеарниот договор.

Израел се противи на тој договор, тврдејќи дека нема во доволна мера да ја ограничи иранската нуклеарна програма, ниту воените активности на таа земја во регионот.

Лидерите на Израел предупредија дека самите ќе направат сè што е потребно за да ја заштитат својата земја.

[video:https://youtu.be/AQajYXxmGCI autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ