Не е објавено кога и од каде е лансиран сателитот Ноор-2. Ноор значи светлина на персискиот јазик фарси.
Лансирањето доаѓа во момент кога во Виена траат преговорите на Иран со светските сили за обновување на договорот за иранската нуклеарна програма.
Револуционерната гарда соопшти дека сателитот заминал во орбитата на носачот Гасед, пренесува ИРНА.
Првиот Ноор сателит беше лансиран во 2020 година, кога Иран на светот му ја претстави својата вселенска програма.






