Во извештајот не се наведени војските кои биле мета на, како што опиша Гугл, „кампањите за кражба на акредитации“ кои ги почнала група со седиште во Русија позната како Колдрајвер или Калисто.
„Овие кампањи се испратени со користење новоотворени профили на Гугл на профили кои не се на Гугл, така што стапката на успешност на овие кампањи е непозната“, се наведува во извештајот.
Од НАТО не ја коментирале веднаш информацијата.
Русија, која е под остри западни економски санкции по инвазијата на Украина на 24 февруари, редовно ги негира обвинувањата за јакнење на сајбер нападите на западни мети.
Финската компанија за сајбер безбедност Ф-секјур лабс во 2019 ја опиша Калисто како неидентификуван и напреден актер во заканите „заинтересиран за собирање разузнавачки податоци поврзани со надворешната и безбедносната политика“ во Европа.






