четврток, 11 декември 2025

Боинг вложува милиони во развој на беспилотно летечко такси

Објавено на

часот

Сподели

Калифорниската фирма Виск, која е во сопственост на Боинг и Кити хок, компанијата за воздухопловни возила која ја отвори коосновачот на Гугл Лари Пејџ, е една од десетици кои развиваат електрични автомобили со вертикално полетување и слетување (еВТОЛ), а од другите се разликува по тоа што е фокусирана на автономен лет, односно на летечко возило без пилоти.

„Нашиот став е дека тоа е голема стратегиска предност на Виск, преминување директно на самолетачко возило“, кажа Марк Ален, главниот директор за стратегија на Боинг.

Одлуката да се скокне генерацијата летечки автомобили со кои управува пилот, а кои ги развиваат независни стартап компании и некои групации за воздухопловство, значи дека беспилотните летечки возила на Виск ќе бидат воведени во служба подоцна, односно по 2024 година која е целениот датум за повеќето конкуренти.

Бојнг одби да наведе рок за лансирање на своето, како што кажа, Виск патничко возило од шестата генерација, а некои извори од таа индустрија откриваат дека во игра е негова сертификација во 2028 година.

Американската компанија тврди дека тоа ќе биде првото автономно воздухопловно возило за превоз на патници кое ќе биде сертифицирано во Соединетите Американски Држави.

[video:https://youtu.be/8gWsKEi3YT0 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ