сабота, 13 декември 2025

Американскиот авион направен да издржи нуклеарен напад (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Се смета дека авионот, познат како „Авион на судниот ден“, е дел од флотата млазни авиони кои патуваат со американскиот претседател при посетата на Европа во која разговара со европските лидери за војната во Украина.

Е-4Б, модифициран боинг 747, е забележан како лета над каналот Ламанш додека растат воените тензии меѓу Западот и Русија. Воздухопловните сили на САД имаат четири авиони Е-4Б, од кои овој познат како Најтвоч е одреден како командно-контролен центар во случај на нуклеарен напад.

Дизајниран е да го издржи електромагнетниот удар од нуклеарна експлозија. Летечкиот Пентагон би послужил како воздушна база на американскиот министер за одбрана и вишиот воен персонал за спроведување на воените операции.

Авионот вреден 200 милиони долари, кој може да превезува 112 члена на екипажот, има 18 кревети и шест бањи, соба за состаноци, конференциска соба, работни простории и командни простории.

Американските власти обично не откриваат информации за Најтвоч, но познато е дека има топлотна и нуклеарна заштита и дека може да лета со денови со полнење на гориво во воздух. Се смета дека прозорците на авионот се прекриени со мрежа од жица за екипажот да се заштити од експлозии.

Е-4Б е секогаш спремен за полетување, а во средата полета од Вашингтон, го помина Атлантскиот Океан па Ламанш, пред да слета во базата на РАФ Милденхол во Сафок.

[video:https://youtu.be/pKkfxQlPNtk autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ