сабота, 24 јануари 2026

НАТО преминува на „одбрана на иднината“, значителни ќе ги зголеми залихите на оружје и ќе воспостави нови одбранбени зони

НАТО планира значително да ги зголеми своите залихи на оружје и муниција по должината на источниот дел и да воспостави нова одбранбена зона со користење на роботизирана и автоматизирана технологија, откри висок функционер на НАТО.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Овие мерки имаат за цел зајакнување на одвраќањето на Русија, изјави бригадниот генерал Томас Левин за германскиот весник Велт.

Според новиот концепт за повеќеслојна одбрана, НАТО ќе се стреми да го забави или запре напаѓачот во раната фаза со користење на високотехнолошки системи.

По должината на границите на алијансата со Русија и Белорусија, ќе се создаде зона која во голема мера ќе се потпира на надзор, како и на далечински контролирани или полуавтоматски системи, кои противникот прво ќе мора да ги неутрализира пред да напредува понатаму.

Левин, заменик-началник на штабот за операции во копнената команда на НАТО во Измир, изјави за германскиот весникот дека надзорот по должината на источниот дел ќе се врши со системи кои собираат податоци на земја, во воздух, во вселената и во дигиталниот домен.

Информациите ќе им бидат достапни на сојузниците на НАТО во реално време, кажа тој. Може да се користат фиксни и мобилни системи како што се радари, акустични и оптички сензори, заедно со податоци од сателити, беспилотни летала и извидувачки авиони.

Непосредно покрај границите, НАТО планира да воспостави простор кој Левин го опиша како „жешка зона“, дизајнирана рано да ги запре или успори напаѓачите. Зоната може да вклучува вооружени беспилотни летала, полуавтономни борбени возила, роботизирани системи и автоматизирани капацитети за воздушна одбрана.

Сепак, Левин нагласи дека одлуките за употреба на сила секогаш ќе останат во човечки раце, во согласност со правилата на ангажман и етичките стандарди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ