петок, 13 јуни 2025

НАТО ќе има воздухопловен штаб на норвешкиот Арктик

Норвешка го избра градот Боде над арктичкиот поларен круг за постојано седиште на Центарот за команда и контрола на воздухопловните операции (ЦАОЦ) на НАТО, соопшти денес норвешката влада.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката е соопштена во време кога соседна Русија се обидува да ја зајакне својата сила на Арктикот каде отвора и модернизира воени бази.

За време на министерската средба, во февруари, земјите членки на НАТО се сложија во Норвешка да постават трет воздухопловен команден центар на Алијансата во Европа, и го задолжија Осло да одреди каде ќе биде.

Изборот падна на Боде каде веќе во внатрешноста на една планина се наоѓа Центарот за планирање и водење на операции на норвешката војска.

„Главната причина зошто го избравме Боде е геополитичка, сакавме НАТО да има некакво утврдување на северот“, кажа норвешкиот премиер Јонас Гар Стере.

Идниот центар, чиј датум на отворање сè уште не е најавен, ќе биде задолжен за координација и воздушен надзор, како и планирање и спроведување на воздухопловните воени операции на НАТО во регионот.

Западниот воен пакт има веќе два слични центри во Европа, еден во Германија и друг во Шпанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ