четврток, 22 јануари 2026

НАТО: Хрватска од сега го чува сопственото небо со авиони „рафал“

Во пост на социјалната мрежа Фејсбук, НАТО објави дека Хрватска ќе влегла во нова ера на својата воздушна одбрана од 1 јануари 2026 година, бидејќи од тогаш целосно ја преземала одговорноста за заштитата на сопствениот воздушен простор со модерни борбени авиони „рафал“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што наведува НАТО во соопштението, хрватските „рафали“ ќе бидат интегрирани во системот на НАТО за здружена противвоздушна и противракетна одбрана, со што ќе се зајакнат сопствените капацитети на Хрватска, но и ќе се придонесе кон колективната одбрана на Алијансата.

Во соопштението на НАТО се истакнува дека преминот од МиГ-21 на авиони „дасо рафал“ претставува голем технолошки и оперативен скок напред. Алијансата вели дека новиот авион носи модерни сензори, целосна интероперабилност со сојузниците и директна интеграција во системите за команда и контрола на НАТО.

НАТО потсетува дека за време на транзицискиот период, Италија и Унгарија обезбедуваа континуирана заштита на хрватскиот воздушен простор, што во соопштението беше опишано како јасен пример за сојузничка солидарност.

Според соопштението на НАТО, хрватските екипажи сега се целосно обучени, а „рафалите“ се на постојана должност 24 часа на ден, седум дена во неделата, дополнително зајакнувајќи ја националната безбедност и колективната одбрана на НАТО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ