Во продолжението се наведува дека, според мислењето на Хрватски тједник, папата „повеќе ја сакаше злосторничката Српска православна црква отколку хрватските католици и Алојз Степинац“.
На Фејсбук главниот уредник на Хрватски тједник Ивица Маријачиќ претходно го најави излегувањето на бројот со оваа насловна страница.
„Еве го новиот број на Хрватски тједник. Бевме и останавме вистински хрватски неделник, во што ќе се уверите кога ќе го видите овој број!
Збогум на папата. Не заслужува ни една хрватска солза бидејќи повеќе ги сакаше злосторничката Српска православна црква отколку хрватските католици и Степинац!
Препуштањето на злосторничката Српска православна црква да одлучува за светоста на Степинац е најголемата навреда за сите хрватски католици. И во случајот на Украина застана на страната на Руската православна црква и патријархот Кирил, кого Путин го одликуваше за поддршката на агресијата. Во двата случаи се стави посредно на страната на злото, пишува тој.
Хрватски тједник е гласило на десницата, често критикувајќи ги политичките противници, малцинствата, па дури и Католичката црква кога ќе процени дека недоволно ги застапува „хрватските интереси“. Весникот е познат по ревизионистички и антикомунистички текстови, како и по острата реторика кога станува збор за теми од современата и историската политика.