понеделник, 15 декември 2025

Наследниците на Лепен мора да вратат 300.000 евра во Европскиот парламент

Судот на правдата на Европската Унија ја отфрли жалбата на наследниците на Жан-Мари Лепен и потврди дека тие мора да вратат 300.000 евра што поранешниот лидер на Националниот фронт незаконски ги фактурирал како трошоци за неговиот мандат во Европскиот парламент.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Марин Лепен и нејзините сестри Јан и Мари-Каролин се обидоа да ја оспорат одлуката на Европскиот парламент од јули 2024 година, која бараше враќање на 303.200,99 евра од нивниот татко, кој почина на 7 јануари 2025 година на 96-годишна возраст.

Кривичниот суд, во случајот Мари Лепен, Жан Марешал, Мари-Каролин Оливие против Европскиот парламент, изјавува и одлучува: прво, тужбата се отфрла; второ, на Марин Лепен, Жан Марешал и Мари-Каролин Оливие, како наследници на Жан-Мари Лепен, им се наредува да ги платат трошоците за постапката“, рече претседателот на судот, Марк фон дер Воде, читајќи го резимето на пресудата.

Станува збор за лични трошоци кои Жан Мари Лепен ги фактурирал во периодот од 2009 до 2018 година и незаконски ги прикажувал како трошоци за извршување на пратеничката функција.

Според извештајот на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ), овие трошоци вклучуваат билтени, пенкала, визит-картички, вратоврски, чадори, кујнски ваги, часовници за маса, паметни нараквици, очила за виртуелна реалност, па дури и 129 шишиња вино.

Лепен беше пратеник во Европскиот парламент од 1984 до 2019 година.

Судот во Луксембург утврди дека постапката што ја покрена Европскиот парламент не е во спротивност со принципите на правна сигурност или легитимни очекувања и ја отфрли жалбата поднесена од наследниците на поранешниот лидер на француската крајна десница.

Против оваа одлука е можна жалба пред Судот на правдата на ЕУ, но само по законски основи и во рок од два месеца и десет дена од приемот на пресудата.

Европскиот парламент, како што пренесува Франс прес, објави дека ја „зел предвид“ одлуката на судот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ