Опозицискиот протест се одржа на 35-годишнината од уривањето на споменикот на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, што се слави на 20 февруари, со барање за оставка на премиерот Еди Рама.
Денешниот протест, кој го организираше албанската Демократска партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, се одржа пред седиштето на владата на Албанија во Тирана.

Демонстрантите фрлале молотови коктели и пиротехнички средства кон зградата на владата, при што избувна пожар во надворешниот дел од зградата. Полициските сили одговориле со водни топови.
Претседателот на Демократската партија и поранешен премиер Саљи Бериша за време на својот говор кажал дека тие се вистинска опозиција и дека ќе ја спасат Албанија.
Обраќајќи се пред толпата, Бериша кажал дека тие се собираат денес на еден од најзначајните денови во националната историја.
„Слободна Албанија, Албанија на слободни граѓани, ќе ја прогласи кражбата на граѓаните за сериозно кривично дело. Ќе ги казнат двојно повеќе оние службеници кои ќе избегаат “, порачал Бериша.

По неговиот говор, протестот се преместил пред зградата на пленарната сала на Собранието на Албанија, каде што тензиите продолжиле.
Демонстрантите повторно фрлале молотови коктели и пиротехнички средства, додека полицијата одговорила со солзавец и водни топови.
Солзавец зафатил и надворешен дел од џамија во близина на зградата на парламентот. Дел од демонстрантите се засолниле во просторот пред џамијата за да го избегнат солзавецот, додека во тој момент во џамијата имало верници за да извршат верски обреди.
Организаторите на протестот тврдат дека имало и повредени за време на конфликтот.
Anti-government protesters in Albania used firework launchers against riot police in Tirana tonight following a rally in support of opposition Democratic Party leader Sali Berisha pic.twitter.com/qI0IspTNGY
— 3JANE TV (@3janetv) February 20, 2026
Опозицијата бара и оставка од вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку, која е обвинета за кривично дело кршење на рамноправноста на учесниците во тендери или јавни аукции.
Во последните месеци во Албанија беа организирани бројни антивладини протести, а опозициските партии најавија нивно продолжување.






