вторник, 10 февруари 2026

Насилни протести во Албанија поради тврдења за корупција во власта (ФОТО+ВИДЕО)

Антивладини демонстранти се судрија со полицијата во албанската престолнина Тирана, каде што илјадници луѓе се собраа барајќи оставка од потпретседателката на владата поради наводна корупција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Демонстрантите фрлаа Молотови коктели врз една владина зграда, а полицијата одговори со водни топови, што е најновиот во низата насилни протести кои ја загрозија стабилноста на долгогодишното владеење на премиерот Еди Рама од 2013 година.

Политичките тензии ескалираат од декември, откако специјалното обвинителство поднесе обвинение против заменичката на Рама, Белинда Балуку, за наводно мешање во јавни тендери за големи инфраструктурни проекти и фаворизирање на одредени компании – обвиненија кои Балука ги негира, пренесува Ројтерс.

Илјадници луѓе на главниот плоштад во Тирана носеа знамиња и транспаренти и скандираа: „Рама, оди си дома, оваа корумпирана влада треба да поднесе оставка“. Специјални полициски единици во опрема за разбивање на демонстрациите ја обезбедуваа владината зграда.

Специјалното обвинителство, задолжено за борба против корупцијата и организираниот криминал, побара од парламентот да го одземе имунитетот на Балуку оваа недела за да се овозможи нејзино апсење.

Не е јасно кога се очекува парламентот, во кој владејачката партија на Рама има мнозинство, да гласа за тоа – ниту дали воопшто ќе гласа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ