Ајсакман, кој положи заклетва на својата нова улога во агенцијата во декември, го објави ова на отворањето на еднодневен настан во седиштето на НАСА во Вашингтон, каде што ги истакна и промените кои ги воведува во водечката лунарна програма на агенцијата, Артемис.
„Не би требало никого да изненади тоа што го сопираме проектот Порта во неговата сегашна форма и се фокусираме на инфраструктура која поддржува одржливи операции на површината на Месечината“, им кажа Ајсакман на присутните на настанот. Станицата Лунарна порта, која во најголем дел веќе е изградена со изведувачите Нортроп Груман и Вантор, порано позната како Максар, требаше да стане вселенска станица во лунарната орбита.
To build a sustained human presence on the Moon, we are building @NASAMoonBase, prioritizing surface operations and scalable infrastructure.
– Frequent robotic landings and mobility testing including MoonFall drones
– Starting in 2027 nearly monthly cadence of equipment and… pic.twitter.com/3T00Y450kO— NASA Administrator Jared Isaacman (@NASAAdmin) March 24, 2026
Пренамената на вселенското летало во база на површината на Месечината не е едноставна. „И покрај некои многу реални предизвици со хардверот и дизајнот, ние сме во можност да ја пренамениме опремата и меѓународните партнерски обврски за поддршка на површинските и другите програмски цели“, им кажа тој на присутните.
Лунарната порта беше дизајнирана да служи и како истражувачка платформа и како трансферна станица која астронаутите би ја користеле за да се качат на модулите за слетување на Месечината пред да се спуштат на нејзината површина.
Промените кои Ајсакман во последните недели ги воведе во водечката американска програма за слетување на Месечината ги преобликуваат договорите вредни милијарди долари во рамките на програмата Артемис на НАСА. Тоа е поттик за компаниите да се обидат да се прилагодат на новонастанатата итна ситуација во момент кога Кина се движи кон сопствено слетување на Месечината во 2030 година.






