среда, 2 април 2025

Напаѓачот со нож во Амстердам е Украинец

Мажот кој во четвртокот во центарот на Амстердам избоде пет луѓе е триесетгодишник од Украина, со потекло од источниот регион Доњецк, соопшти локалната полиција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Мажот е осомничен дека во четвртокот попладне, во близина на плоштадот Дам, избодел пет лица користејќи повеќе ножеви за време на нападот. Уапсен е набрзо по инцидентот со помош на минувачи.

Мажот, кој според полициските информации, во средата се пријавил во еден од хотелите во Амстердам, на 1 април ќе биде изведен поред судија кој ќе одлучи за неговото понатамошно задржување во притвор. Полицијата сè уште не го утврдила мотивот на нападот и соопшти дека истрагата е во тек.

Жртви се дваесет и шестгодишен Полјак, седумдесет и тригодишна Белгијка, деветнаесетгодишна девојка од Амстердам и 67-годишна жена и 69-годишен маж од САД. Полјакот е пуштен од болница, а останатите жртви се хоспитализирани, но стабилни, наведе полицијата.

Напаѓачот го совладал турист, објави вчера холандската полиција, нарекувајќи ја интервенцијата на мажот херојска. Холандски Телеграф пишува дека мажот извршил таканаречено граѓанско апсење, што, според амстердамската полиција е дозволено ако граѓанинот сведочи на злосторство. „Ако го фатите осомничениот на дело, можете да го задржите додека на пристигне полицијата“, објаснија тие, истакнувајќи дека тоа не се случува често.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ