среда, 17 декември 2025

Напаѓачот на плажата Бондај обвинет за 15 убиства и тероризам

Навид Акрам, преживеаниот осомничен за масовното пукање во неделата на плажата Бондaj во Сиднеј, е обвинет за вкупно 59 кривични дела, меѓу кои 15 обвиненија за убиство и едно за извршување терористички чин, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вториот напаѓач, неговиот татко Саџид Акрам (50), беше убиен во размената на оган со полицијата на самата плажа Бондај, пишува Би-би-си.

Во нападот се убиени 15 лица, додека десетици други се повредени. Мета на нападот беше еврејската заедница во Австралија, за време на настан со кој се одбележуваше првата ноќ на Ханука.

Станува збор за најсмртоносното пукање во земјата од 1996 година.

Акрам се товари и за 40 кривични дела за нанесување тешки телесни повреди со намера за убиство, како и за едно кривично дело за јавно истакнување симболи на забранета терористичка организација.

За време на инцидентот во неделата тој доби тешки повреди, а првото судско рочиште беше одржано покрај неговиот болнички кревет, соопшти локалниот суд во Нов Јужен Велс.

Предметот е одложен до април 2026 година, додава судот.

Денеска комесарот на полицијата на Нов Јужен Велс, Мал Лењон, изјави дека полицијата чека да престане дејството на лековите пред формално да го испита Акрам.

„Поради правичноста на постапката, потребно е да разбере што точно се случувало“, изјави Лењон.

Дваесет лица повредени во нападот и натаму се наоѓаат во болници низ Сиднеј, а едно лице сè уште е во критична состојба.

Полицијата нападот го окарактеризира како терористички инцидент, додека австралискиот премиер Ентони Албаниз изјави дека се чини оти нападот бил „мотивиран од идеологијата на Исламска држава“.

Полицијата соопшти дека во возилото што го користеле напаѓачите биле пронајдени „рачно изработени“ знамиња на Исламска држава, како и импровизирани експлозивни направи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ