недела, 14 декември 2025

Напаѓач од камион за помош за Газа убил двајца Израелци на премин меѓу Јордан и Западниот Брег

Еден маж денес убил двајца мажи со огнено оружје на граничниот премин Аленби, помеѓу окупираниот Западен Брег и Јордан, каде што пристигнал со камион од таа земја со хуманитарна помош за Појасот Газа, соопштија израелската армија и службата за прва помош.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според медиумите, напаѓачот избодел и неколку луѓе со нож.

Безбедносните сили го „неутрализирале“ напаѓачот, објави израелската војска.

„Се случи надвор од нашата граница“, додаде портпарол на јорданската безбедносна служба.

Во септември 2024 година, на истиот премин, возач од Јордан пукаше во израелските стражари и уби тројца.

Тој премин во долината на реката Јордан е единственото место каде што Палестинците од Западниот Брег можат да поминат без да поминат низ Израел, кој го окупира Западниот Брег од 1967 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ