Утрово околу 6:30 часот, врз „Музејот на Југославија“, порано „25 Мај“ или „Куќа на цвеќето“ била фрлена запалива супстанца.
Напаѓачот, кој ја дочекал полицијата, бил уапсен и му е одреден притвор до 48 часа.
Не се пријавени повредени.
Петровиќ изјави дека непознат маж дошол утрово со шише шти личело на молотов коктел.
„Околу 6:30 часот, нашето обезбедување, кое било таму, го забележало сомнителното лице и ја повикало полицијата. Потоа, човекот го фрлил молотовиот коктел“, рече Петровиќ.
Штетата, вели тој, не е голема, дел од мермерот е оштетен.
„Полицијата ни кажа дека веројатно станува збор за изолиран случај и дека нема да се повтори“, додаде Петровиќ.






