сабота, 6 декември 2025

Нападнат руски брод кај Турција, Ердоган ги предупреди сите вклучени страни

Товарен брод под руско знаме кој пријавил транспорт на сончогледово масло од Русија до Грузија, пријавил дека бил нападнат во близина на турскиот брег, но дека неговите 13 членови на екипажот не се повредени, објави денес турската управа за пловење.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бродот Мидволга-2 пријавил дека бил нападнат на 130 километри од турскиот брег, но не побарал помош, туку продолжил да плови кон турското пристаниште Синоп, објави Управата за поморски прашања на социјалната платформа Икс. Управата не даде дополнителни детали, но каналот НТВ соопшти дека во нападот бил вклучен камиказе дрон.

Кога прашање за нападот, турски функционер кажал дека „потребните пораки се пренесени до соодветните страни, вклучително и украинските власти“ без да даде дополнителни детали.

Украински поморски дронови во петокот погодија два танкери во Црно Море, за кои Украина и некои од нејзините западни сојузници воведоа санкции, на пат кон руско пристаниште каде што требало да товарат нафта за странски пазари, бидејќи Киев се обидува да го зголеми притисокот врз огромната нафтена индустрија на Русија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека нападите врз комерцијални бродови во Црно Море се неприфатливи, упатувајќи предупредување до „сите вклучени страни“. Турција, членка на НАТО, одржува добри односи и со Киев и со Москва за време на војната. Таа обезбеди воена помош на Украина, но одби да се придружи на западните санкции против Москва.

Претходно организираше три рунди преговори меѓу завојуваните страни во Истанбул, а во неколку наврати понуди да биде домаќин на состанок на нивните лидери. Анкара, исто така, побара да се обезбеди безбедноста на пловидбата во Црно Море, каде што дели поморски граници со Русија и Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ