недела, 4 мај 2025

Напад во училиште во Газа: луѓе носеа изгорени деца, најмалку 10 мртви

Во израелски воздушен напад врз училиште во кое се засолниле раселени семејства во северниот дел на Појасот Газа загинаа најмалку 10 лица, а во одделен воздушен напад е погодена детска болница, соопштија локалните здравствени власти.

Фото: ЕПА (архива)

Објавено на

часот

Сподели

Лекарите рекоа дека во воздушниот напад врз училиштето Јафа во областа Туфа во градот Газа се запалиле шатори и училници. Израелските власти не го коментираа нападот врз училиштето.

Дел од мебелот сè уште горел неколку часа по нападот, додека луѓето ги пребарувале помрачените училници и училишниот двор во потрага по своите работи.

„Спиевме и одеднаш нешто експлодира, отидовме да погледнеме и го затекнавме целото училиште во пламен, шаторите беа насекаде запалени, сè беше во пламен“, изјави сведокот Ум Мохамед Ал-Хвајти.

„Луѓето викаа, а мажите носеа луѓе, изгорени (луѓе), изгорени деца, одеа и велеа: ‘Боже, мил Боже, немаме никој освен тебе’. Што можеме да кажеме? Само мили Боже“, рекла таа за Ројтерс.

Здравствените работници соопштија дека уште најмалку 10 луѓе биле убиени во одделни израелски напади врз енклавата.

По примирјето на 18 март, израелските напади продолжија, при што загинаа повеќе од 1.600 Палестинци, според здравствените власти во Газа, а стотици илјади луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови бидејќи Израел ја зазеде, како што ја нарекува, тампон-зоната во Газа.

Министерството за здравство на Газа во средата објави дека израелски проектил ја погодил и зградата на детската болница Дура во градот Газа, оштетувајќи ја единицата за интензивна нега и уништувајќи го системот на соларни панели што го снабдува објектот со електрична енергија. Во нападот на болницата нема жртви.

Здравствениот систем на Газа е на работ на колапс, бидејќи Израел од март и од продолжувањето на воените операции го блокираше снабдувањето на Газа, меѓу другото и со гориво и електрична енергија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ