недела, 7 декември 2025

Највисокиот суд во Франција ја потврди пресудата за Саркози: втора кривична пресуда за поранешниот претседател

Највисокиот суд во Франција денес ја потврди пресудата против поранешниот претседател Никола Саркози во случајот за нелегално финансирање на неговата претседателска кампања во 2012 година, што е втора конечна кривична пресуда за Саркози.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Саркози беше осуден на 14 февруари 2024 година на една година затвор, од кои шест месеци условно, за нелегално финансирање на неговата претседателска кампања на изборите во 2012 година, кои ги загуби.

Според францускиот закон, тој може да отслужи дел од својата фиксна казна дома, под надзор со електронска нараквица или нешто друго што ќе го одреди судијата.

Одлуката доаѓа само две недели откако Саркози беше ослободен од затвор додека чекаше исход од жалбата во друг случај за финансирање на кампањата.

Саркози, 70, беше во затворот Санте во Париз 20 дена кога судиите го осудија за заговор за добивање тајно финансирање од Либија за време на неговата претседателска кампања во 2007 година, во која победи. Тој негираше какво било кривично дело.

Во тој случај, Саркози беше осуден на 25 септември на првостепена пресуда на пет години затвор со итна потерница и парична казна од 100.000 евра. Тој веднаш поднесе жалба и повторно ќе се соочи со судење од 16 март до 3 јуни во Апелациониот суд во Париз.

Парискиот кривичен суд го прогласи за виновен зашто свесно им дозволил на своите соработници да му се приближат на либискиот лидер Моамер Гадафи со цел нелегално да соберат средства за неговата победничка претседателска кампања во 2007 година.

Саркози, кој од почетокот на случајот тврди дека е невин, беше држен во затворот Санте три недели, што е досега невиден притвор за поранешен претседател во историјата на Француската Република, што предизвика жестока дебата.

Нколку часа по неговото ослободување, Саркози напиша на социјалните мрежи дека ќе се подготви за жалба за да ја докаже својата невиност.

За судиите, налогот за апсење со итно извршување бил оправдан со „исклучителната сериозност“ на обвиненијата. Според Саркози, налогот бил мотивиран од „омраза“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ