понеделник, 8 декември 2025

Најостар извештај на ЕК за Србија досега: Белград не исполни ни половина од ветувањата

Откако Европскиот парламент усвои резолуција со најнегативни оценки за реформите во Србија, Белград ќе се соочи со уште посериозни критики од Брисел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На 4 ноември Европската комисија ќе ги објави извештаите за проширување за сите земји-кандидатки, а според информациите на дописникот на Н1 од ЕУ, извештајот за Србија ќе биде најнеповолен од почетокот на преговорите за членство.

Најголемите критики ќе се однесуваат на назадувањата во областите на демократијата, основните права и слободата на медиумите.

Изворите на Н1 истакнуваат дека Брисел е свесен за одредени случувања, како што се активностите за формирање на нов состав на РЕМ, усвојувањето на законите за медиуми или иницираната ревизија на регистарот на гласачи, но велат дека „напредок постои само кога реформите се целосно спроведени“.

Особен проблем останува слабата усогласеност на Србија со надворешната политика на ЕУ, првенствено во однос на санкциите против Русија.

Иако при пишувањето на извештајот се зема предвид вкупниот процент на усогласеност, „триковите“ на српските власти да го зголемат тој процент преку усогласување со одлуките што немаат никаква врска со руската агресија врз Украина се неприфатливи.

Според изворите на Н1, Европската комисија смета дека „седењето на две столчиња повеќе не е можно“ и дека е време Белград јасно да утврди дали неговиот стратегиски приоритет е Европската Унија или Москва.

Н1 исто така дознал дека Европската комисија, во својот извештај за проширување, за прв пат нема да предложи отворање на Кластерот 3, како што правеше претходните години.

Се очекува повоздржана формулација, односно потврда дека Србија „сè уште е технички подготвена“ да го отвори тој кластер, но без препорака до Европскиот совет за тоа.

Според дописникот на Н1 од ЕУ, најголемата пречка за отворање на Кластерот 3 ја создала самата српска влада.

На крајот од минатата година, Белград им испрати на земјите-членки нон-пејпер, односно список на реформски чекори што српската влада се обврзала да ги исполни за да го отвори тој кластер. Сепак, во Брисел е оценето дека дури ни половина од тие ветувања не се реализирани. Извештајот за проширувањето ќе биде објавен на 4 ноември, а изворите на Н1 наведуваат дека тонот кон Србија ќе биде „значително поостар“ отколку во претходните години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ