петок, 30 мај 2025

Најмалку девет лица загинаа при превртување туристички бродови во Кина

Четири брода се превртеа во реката Ву во ненадејната бура што ја погоди југозападна Кина, при што загинаа девет лица, а најмалку едно се води како исчезнато, објавија денеска државните медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од 80 луѓе паднале во водата во провинцијата Гуиџу вчера попладне, објави државната телевизија ЦЦТВ.

Бродовите се превртеле кога ненадеен дожд и град го погодија горниот тек на реката Ву, притока на најдолгата река во Кина, Јангце. На видеото што го објавија државните медиуми се гледа како маж му помага на едно лице, додека во нивна близина „плута“ превртен брод.

Новинската агенција Синхуа објави дека 74 лица се спасени во несреќата. Властите испратиле 70 лица во болница на лекување поради „состојби што не се опасни по живот“, објавија државните медиуми.

Распоредени се речиси 500 спасувачи, а кинескиот претседател Си Џинпинг им наредил на провинциските власти „да направат сѐ што е можно“, објави Синхуа. Си, исто така, рече дека властите треба да ги зајакнат безбедносните мерки за да го спречат зголемениот број несреќи на туристичките атракции и главните јавни места.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ