Израелската армија утринава соопшти дека возвратила со оган за време на операција во јужна Сирија, додавајќи дека пукала врз неколку борци, кои биле „елиминирани“ во копнени и воздушни напади.
Според првите извештаи на локалните власти во провинцијата Дара, во израелското бомбардирање во близина на градот Нава „девет цивили загинаа, а неколку луѓе се ранети“.
Бомбардирањето уследи по „израелскиот упад“ во регионот, „каде што окупаторските сили првпат навлегоа толку длабоко“ на територијата, објавија локалните власти на Телеграм.