четврток, 15 јануари 2026

Најмалку 40 загинати во американскиот напад на Венецуела, тврди функционер

Најмалку 40 лица, вклучувајќи цивили и војници, загинале за време на американскиот воен напад врз Венецуела, според извештај објавен од Њујорк тајмс, кој се повикува на висок венецуелски функционер кој побарал да остане анонимен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американски претставници изјавиле за Њујорк тајмс, како што објави весникот, дека нападот вклучувал голема воздушна кампања насочена кон онеспособување на воздушната одбрана на Венецуела пред распоредувањето на специјалните сили.

„Повеќе од 150 американски авиони беа испратени да ги уништат системите за воздушна одбрана, за да можат воените хеликоптери да ги префрлат трупите кои ја нападнаа позицијата на Мадуро“, се додава во извештајот.

Нема потврда од Белата куќа или Пентагон во врска со бројот на жртви или целосниот обем на операцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ