понеделник, 29 декември 2025

Најмалку 23 лица загинаа во Појасот Газа во израелски напади

Најмалку 23 лица загинаа во Појасот Газа во израелските напади во текот на ноќта на територијата, објавија палестинските лекари.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Меѓу загинатите има три деца и нивните родители, кои се убиени во напад на шатори во јужниот град Кан Јунис, соопшти болницата Насер.

Болницата добила повеќе ранети откако Израел го обнови силното бомбардирање на Газа минатата недела, прекршувајќи го примирјето што ја прекина 17-месечната војна.

Болницата Насер соопшти дека примила уште четири тела на загинатите во двата напади, покрај петчленото семејство.

Во центарот на Газа, болницата Ал-Акса соопшти дека примила тела на шест лица убиени во три одделни напади.

Уште три лица загинаа во напад на куќа во бегалскиот камп Нусејрат, соопшти болницата Авда.

Во градот Газа, во израелски напад врз станбена зграда загинаа пет лица, соопшти службата за итни случаи на Министерството за здравство на територијата, кое додаде дека уште 12 лица се ранети.

Во војната во Газа, која почна по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, се убиени повеќе од 50.000 Палестинци во Газа, според Министерството за здравство на територијата.

Израел ги почна нападите за да го уништи Хамас, кој уби околу 1.200 луѓе и зеде 251 заложник во нападот врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година. Израел вели дека гаѓа само вооружени лица и го обвинува Хамас за цивилни жртви бидејќи дејствува во густо населени области.

Прекинот на огнот почна на 19 јануари и беше прекинат минатата недела, откако двете страни не успеаја да се договорат за неговиот понатамошен тек.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ