Директорот на Центарот за вонредни операции (ЦОЕ), Хуан Мануел Мендез, објави дека сè уште траат операциите за пребарување и спасување, по несреќата што се случи пред два дена во клубот Џет сет во Санто Доминго.
Тој додаде дека истрагата за причините за трагедијата е во тек.
На списокот на жртви се и двајца поранешни бејзбол играчи, Октавио Дотел и Тони Бланко.
Инцидентот се случил за време на концерт на доминиканскиот пејач Рубио Перез, кој исто така починал.
Според владини извори, загинала и гувернерката на провинцијата Монте Кристи, Нелси Круз.
Претседателот на Доминиканската Република Луис Абинадер прогласи тридневна жалост по трагедијата.