петок, 19 декември 2025

Најмалку 15 загинати во несреќа во Лисабон (ВИДЕО)

Најмалку 15 лица загинаа, а околу 18 се повредени откако жичницата Глорија во Лисабон, популарна меѓу туристите, излета од шините и се урна, изјави портпаролот на службата за итна медицинска помош.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Властите не сакаа да го откријат идентитетот на жртвите или нивната националност, но потврдија дека меѓу загинатите има странци.

„Ова е трагичен ден за нашиот град… Лисабон е во жалост, ова е навистина трагичен настан“, изјави градоначалникот на португалската престолнина, Карлос Моедас, за новинарите.

На снимките од местото на настанот се гледа жолтиот трамвајски вагон, кој ги превезува луѓето по стрмната падина во португалската престолнина, целосно уништен додека спасувачите ги извлекуваа патниците од остатоците.

Претседателот Марсело Ребело де Соуза изрази сочувство за несреќата во соопштение, велејќи дека се надева оти властите наскоро ќе ја утврдат причината за несреќата.

Линијата, отворена во 1885 година, го поврзува центарот на Лисабон во близина на плоштадот Рестаурадорес со квартот Баиро Алто, познат по својот жив ноќен живот.

Тоа е една од трите жичници управувани од градската компанија за јавен превоз Карис и ја користат туристи, како и локалните жители, објави Ројтерс.

Нејзините два вагона се поврзани со кабел, а се движат со електрични мотори лоцирани во самите вагони.

Вагонот на дното од линијата изгледа неоштетен, но на снимките направени од граѓани и емитувани од Си-ен-ен се гледа дека се силно се затресол во моментот кога вториот излетал од шините. На снимката се гледаат и неколку патници како скокаат од прозорците додека се слушаат извици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ