недела, 7 декември 2025

Најмалку 13 лица загинаа во пожар во станбена зграда во Хонгконг (ВИДЕО)

Полицијата соопшти дека добила повеќекратни пријави за луѓе заробени во најмалку пет згради зафатени од пламен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку 13 лица загинаа во пожар што денес зафати станбена зграда во приградскиот округ Таи По во Хонг Конг, соопштија официјални лица.

Полицијата соопшти дека добила повеќекратни пријави за луѓе заглавени во најмалку пет згради зафатени од пламен, објави Си-ен-ен.

Двајца од повредените се во критична состојба, додека третиот е стабилен, се вели во официјалниот извештај, со што вкупниот број на повредените се искачи на осум, објави АП.

Локалните медиуми објавија дека меѓу загинатите може да е и еден пожарникар, но таа информација сè уште не е официјално потврдена.

Пожарот избувнал попладнето по локално време и брзо се раширил на ниво четири, второ највисоко во системот за класификација на Хонг Конг, соопшти противпожарната служба.

Пожарот се проширил на бамбусовите скелиња околу надворешноста на облакодерот, а пожарникарите се обидувале да го локализираат пламенот користејќи скали и вода од висина, објави АП претходно.

Таи По се наоѓа во северен Хонг Конг, во близина на границата со Шенжен.

Бамбусовите скелиња, иако традиционални и широко користени во Хонг Конг, постепено ќе бидат отстранети од јавните проекти од безбедносни причини, соопшти владата претходно оваа година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ