понеделник, 23 март 2026

Најголемиот американски носач на авиони се врати во Европа за поправки

Најголемиот и најнов американски носач на авиони УСС Џералд Р. Форд вплови во заливот Суду на северозападниот брег на грчкиот остров Крит за поправка, објавија воени извори. Бродот ќе остане за поправка во американската база на островот откако се врати од распоредување во Црвено Море за време на војната во Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На почетокот на март на бродот изби пожар, кој не е поврзан со воената акција, објави американската војска. Пожарот бил ставен под контрола на време.

Американските медиуми објавија и дека имало проблеми со затнати тоалети на бродот.

УСС Џералд Р. Форд беше распореден на Блискиот Исток во февруари поради тензиите околу нуклеарните и ракетните програми на Иран, кои подоцна кулминираа со почнувањето на американско-израелската воена кампања против земјата на 28 февруари.

Овој потег следеше по неколку недели американско воено засилување на Блискиот Исток, во рамки на кое беше распоредувањето на носачот на авиони УСС Абрахам Линколн во Црвено Море.

Бродови за снабдување и поправка биле видени вчера во заливот Суда. Атинскиот весник Та неа објави дека група истражители на американската морнарица ќе проучат и истражат како избувнал пожарот на бродот.

Грчките медиуми, повикувајќи се на извори од грчката морнарица во базата, објавуваат дека се очекува поправките да траат најмалку една недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ