недела, 14 декември 2025

Најголемата фабрика за муниција во БиХ прекина со работа, Србија не испорачува барут

Најголемата компанија за производство на муниција во Босна и Херцеговина, Игман од Коњиц, го прекина производството и ги испрати работниците на принуден годишен одмор, бидејќи Србија престана да испорачува барут, што е клучно за тоа производство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според одлуката на директорот Аднан Превљак, на сите работници на Игман им е наложено колективно да го користат преостанатиот годишен одмор за 2025 година, почнувајќи од вчера, сè додека не се создадат услови за работа, односно додека не се испорача барутот.

Во јуни оваа година, владата на Србија донесе одлука за забрана на извоз на оружје и воена опрема, што предизвика прекин на снабдувањето со барут што им е потребен на компаниите од посебната индустрија, вклучувајќи го и Игман.

Вработените во климатизацијата и обезбедувањето, како и вработените во службата за внатрешна заштита, безбедност при работа, противпожарна заштита и обезбедување, се ослободени од користење годишен одмор, се вели во писмото од раководството на компанијата.

Србија го прекина извозот во екот на израелско-иранскиот конфликт и честите критики од Москва поради извозот на оружје во Украина. Компанијата Игман од Коњиц, во мнозинска сопственост на Федерацијата на Босна и Херцеговина, се наоѓа во северниот дел на Херцеговина. Таа е еден од најголемите индустриски работодавци во земјата, со 1.410 вработени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ