петок, 19 декември 2025

Најбогатиот човек во Европа: Предложениот данок на богатите би ја уништил француската економија

Најбогатиот човек во Европа Бернар Арно изјави дека предложениот данок на богатство би бил катастрофален за француската економија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шефот на глобалниот конгломерат на луксузни марки ЛВМХ, изјави за Сандеј тајмс дека повикот за воведување данок од 2 отсто на целиот имот „има за цел да ја уништи либералната економија, единственото нешто од кое сите имаат корист“. Тој данок би го чинел Арно повеќе од една милијарда евра.

Идејата за данок на богатство постепено добива на значење во Франција поради политичката криза. Идејата за данокот од 2 отсто на богатство вредно повеќе од 100 милиони евра ја предложи професорот по економија Габриел Зукман.

Економистот тврди дека данокот, кој други го нарекуваат Зукманов данок, би можел да ѝ помогне на Франција со нејзиниот буџет. Францускиот претседател Емануел Макрон овој месец назначи нови премиер, Себастијан Лекорну, откако центристот Франсоа Бајро не успеа да добие поддршка за буџетот кој предвидува државно штедење.

Арно предупредува дека данокот од 2 отсто би бил „фатален удар за француската економија“. Тој истакна дека е „сигурно најголемиот поединечен даночен обврзник“ во Франција.

Арно, кој живее во Париз, предизвика национална даночна дебата во 2012 година кога аплицираше за белгиско државјанство. Сепак, во април 2013 година ја повлече својата апликација како „гест на приврзаноста кон Франција и вербата во нејзината иднина“.

Зукман е професор по економија на Париската школа за економија, а минатата година напиша истакната студија за данокот на богатство за Г20. Во јуни, Зукман напиша во Гардијан: „Невидената концентрација на богатство и неограничената моќ што доаѓа со таквото богатство ја нарушија нашата демократија и ги поттикнаа социјалните и економските тензии“.

Данокот на богатство би можел да собере дури 20 милијарди евра, според Зукман. Сепак, други економисти тврдат дека би собрал само 5 милијарди евра ако ултрабогатите ја напуштат Франција.

„Ова очигледно не е техничка или економска дискусија, туку јасно изразена желба за уништување на француската економија. Не можам да верувам дека француските политички сили кои владеат или владееле со земјата во минатото можат да му дадат каков било кредибилитет на овој напад, кој е смртоносен за нашата економија“, кажа Арно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ