вторник, 15 јули 2025

Нагло падна популарноста на Америка

Глобалната перцепција на Соединетите Американски Држави нагло се влошила откако Доналд Трамп се врати на претседателската функција, покажува ново меѓународно истражување на истражувачкиот центар Пју.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во анкета спроведена од крајот на февруари до почетокот на април биде испрашани луѓе во 24 земји, вклучувајќи десет европски. Во повеќето од нив е забележан пад на позитивното мислење за САД во споредба со пролетта 2024.

Според резултатите, јавноста низ светот има мала доверба во Трамп како светски лидер, а изразува сомнеж и во неговата способност да се носи со клучните глобални предизвици, вклучувајќи ги војната во Украина и геноцидот во Газа, климатските промени и американската миграциска политика.

Кога Трамп беше прв пат избран во 2016, популарноста на САД исто така падна. Меѓутоа, за време на мандатот на Џо Бајден американскиот имиџ делумно се поправи, покажува повеќегодишна анализа на истражувачкиот центар Пју, независен американски институт кој не се изјаснува партиски.

Во најновото истражување повеќето анкетирани од сите анализирани региони го опишуваат Трамп како „опасен“ и „арогантен“, а малкумина веруваат дека е искрен. Сепак, многумина и понатаму го сметаат за „силен лидер“, што укажува на неговата препознатливост, но не задолжително и прифатеност.

Во рамки на европските резултати, Унгарија се истакнува како единствена земја во која повеќето граѓани изразуваат доверба во Трамп. Во останатите европски земји преовладува скептичен или негативен став.

Во споредба со Трамп, Пју ја истражиле светската доверба во другите глобални лидери. Францускиот претседател Емануел Макрон остварил најдобар резултат со доверба од 46 отсто, додека Трамп има 34 отсто. Кинескиот лидер Си Џинпинг има 25 отсто, а рускиот претседател Владимир Путин само 16 отсто.

Интересно е што Макрон има поголема доверба во странство отколку во сопствената земја – во Франција му веруваат само 35 отсто од анкетираните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ